среда, 4 декември 2024

Вархеји: Пред годишнината на Кристалната ноќ, застрашувачки е повторно да се види антисемитско насилство во Европа

Европскиот комесар за соседство и проширување Оливер Вархеји соопшти дека е целосно шокиран и вџашен поради, како што ги нарече, варварските антисемитски напади во Амстердам.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Вархеји на социјалната мрежа Икс објави дека „насилните толпи кои прогонуваат Евреи на улиците на Европа се морничави“.

„Пред годишнината на Кристалната ноќ, застрашувачки е повторно да се види такво антисемитско насилство во Европа. Мораме сите да станеме против ова. Се придружувам на повиците повторно да се воспостави сигурност за еврејските заедници и извршителите да се приведат пред правдата. Моите мисли се со еврејскиот народ во овие мрачни моменти“, напиша Вархеји.

Навивачи на Макаби од Тел Авив се судриле синоќа со пропалестински демонстранти пред и по натпреварот од Лигата на Европа меѓу нивниот тим и Ајакс пред стадионот на Ајакс во Амстердам.

Судирите, според холандските медиуми, избиле откако градоначалничката на Амстердам Фемке Халсема ги забранила демонстрациите, стравувајќи дека би можело да дојде до судир со навивачите на израелскиот клуб.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ