петок, 13 декември 2024

Апел од АХВ за пријавување угинати диви птици од водните видови

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) апелира до граѓаните, за пронајдена угината дива птица од водните видови (патки, гуски и слично) да ја известат АХВ лично (во Централа или во подрачните единици на Агенцијата), на бесплатната телефонска линија 0800 3 22 22 или на [email protected]), или ветеринарните друштва.

Објавено на

часот

Сподели

Доколку станува збор за други видови угинати птици и за изолирани угинувања, тоа треба да го пријават на јавните комунални претпријатија за нештетно отстранување на лешовите.

Апелот на АХВ доаѓа по неодамнешните случувања кого во Скопје, две угинати диви птици, во два изолирани случаи, беше потврдена болеста птичји грип (авијарна инфлуенца).

Од АХВ појаснуваат дека болеста авијарна инфлуенца, иако станува збор за зооноза, во вакви случаи, не претставува сериозна закана за ширење на болеста, ниту кај птиците ниту кај луѓето.

„ Болеста се шири преку директен контакт со заразени птици или нивни секрети , особено фекалии. Агенцијата за храна и ветеринарство ги потсетува одгледувачите на живина дека задолжително е пријавувањето на промени во здравствената состојба и зголемена смртност на живината, до надлежен официјален ветеринар или ветеринарно друштво, како и примена на биосигурносни мерки при спроведување на сите активности на одгледувалиштето“, велат од АХВ.

АХВ апелира на внимателност и преземање на заштитни мерки за категориите на лица кои се изложени на ризик, односно за лицата кои можат да имаат близок контакт со заразени птици.

„ Дивите птици, најчесто преселните, се резервоар и најчести преносители на вирусот на болеста птичји грип“, објаснуваат од АХВ.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ