Ревијалниот меч кој долго време се најавуваше конечно се случи. Утринава Пол и Тајсон боксуваа осум рунди од по две минути во кои младиот боксер беше подобар, зададе многу повеќе прецизни удари и на крајот заслужено ја доби борбата.
Тајсон беше подобар во првите две рунди, но како одминуваше времето беше видлива разликата во години, Џејк Пол ја почна доминацијата, а стариот боксер снемуваше сила и промашуваше. Поразот беше неминовен. Ова беше 11 победа во боксот на Џејк Пол во ваквите ревијални натпревари во кои противниците заработуваат и големи пари.
Од оваа борба Пол ќе заработи 40 милиони долари, додека на сметката на Мајк Тајсон ќе легнат 20 милиони долари.
A ringside look at #PaulTyson 👀 pic.twitter.com/WZlzvJ7gKX
— Netflix (@netflix) November 16, 2024