недела, 20 октомври 2024

Јовески треба да оди во пензија, Собранието објави оглас за негов наследник

Објавено на

часот

Сподели

Според Законот за јавно обвинителство рокот за пријавување на кандидатите е 15 дена.

За јавен обвинител може да биде именуван правник со положен правосуден испит кој има непрекинат работен стаж од најмалку десет години како јавен обвинител или како судија од областа на кривичното право.

Јавниот обвинител се именува од Собранието, по предлог на Владата со мандат од шест години и право на повторно именување. За својата работа и работата на Јавното обвинителство одговара пред Собранието.

Листата со кандидати се доставува до Советот на јавни обвинители, којшто во рок од 15 дена од денот на приемот на барањето треба да достави до Владата образложено позитивно или негативно мислење во писмена форма за сите пријавени кандидати на огласот што ги исполнуваат условите согласно со закон. Потоа, Владата до Собранието доставува предлог за именување на јавен обвинител од пријавените кандидати за кои Советот на јавни обвинители дал позитивно мислење. За кандидатот што ќе го предложи Владата за јавен обвинител, кон предлогот се доставува и мислењето од Советот на јавни обвинители.

Ако Советот на јавни обвинители од оправдани причини во рокот не достави мислење до Владата рокот се продолжува уште за 15 дена. Ако и во овој рок, Советот не достави мислење, се смета дека мислењето е позитивно.

Доколку Советот на јавни обвинители не даде позитивно мислење за ниту еден од пријавените кандидати, Владата не може да утврди предлог за именување на јавен обвинител и ќе му предложи на Собранието да го повтори огласот.

Актуелниот државен обвинител, Љубомир Јовески, беше именуван на 25 декември 2017 година, а го наследи Марко Зврлевски, кој беше разрешен во август истата година.

Во меѓувреме, во Собранието пратениците од албанскиот опозициски блок поднесоа интерпелација за Јовески со клучна забелешка во однос на истрагата за пожарот во модуларната ковид-болница во Тетово што се случи во септември 2021 годдина, во кој загинаа 14 пациенти.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ