Српскиот кошаркар средбата ја заврши со 40 поени, 10 скокови и четири асистенции, тој на теренот помина дури 44 минути.
За разлика од неговите соиграчи, Јокиќ одлично ја почна сезоната, претходно постигна 41 поен, со што врза два меча со 40+ поени.
Малку фалеше Денвер да го загуби и вчерашниот меч против Торонто, но Џамал Мареј реализираше со звукот на сирената и го однесе мечот во продолженија. Возбудата не изостана ниту во дополнителните пет минути, а Репторс имаа шанса за победа, но Ар-Џеј Барет промаши тројка за триумф на домашниот состав.
После Јокиќ, втори стрелци во Денвер беа Браун и Мареј кои постигнаа по 17 поени, најдобар кај Торонто беше Барнс со 21 поен, 12 скокови и девет асистенции.
Резултати:
Орландо – Индијана 119-115
Атланта – Вашингтон 119-121
Бостон – Милвоки 119-108
Мајами – Детроит 106-98
Њујорк – Кливленд 104-110
Торонто – Денвер 125-127
Мемфис – Чикаго 123-126
Сан Антонио – Хјустон 101-106
Далас – Јута 110-102
Феникс – ЛА Лејкерс 109-105
Сакраменто – Портланд 111-98