Најатрактивниот дел од програмата беше настапот на Христина Ташкоска во соло-варијанта на виолина со фрагмент од операта „Гоце“ од Кирил Македонски, а потоа во квартет на Ташкоска се придружија Лазе Димовски, Леони Шмиц и Нина Димовска кои исполнија сплет на најпознатите македонски песни со вокал, хармоника и виолина.
Mакедонскиот културен центар „Македонско сонце“ на приемот беше претставуван од д-р Блашко Димковски и Ивана Видоеска кои воедно беа ментори на младите во последните два месеци и ги мотивираа во перфектната реализација на музичките нумери.
70 години јубилеј од операта „Гоце“ од Кирил Македонски
„Ова беше одлична можност да се претстави Македонија во најубаво светло преку овие млади таленти кои ги негуваат своите корени преку македонската култура и традиција.
Оваа година се навршуваат 70 години од изведбата на првата македонска опера ‘Гоце’ компонирана од Кирил Македонски (1925-1984) која за првпат е изведена на македонскиот народен театар во Скопје во 1954 година под диригентска палка на Тодор Скаловски. Сметавме дека ова е најадекватната композиција со која можеме да го одбележиме јубилејот на операта и воедно да испратиме поздравен гест до претседателот на Советот за интеграции Гоце Пероски кој го носи славното име на нашиот револуционер и визионер Гоце Делчев“, изјави претседателот на македонскиот културен центар д-р Блашко Димковски.
Градоначалникот д-р Стефен Келер беше пријатно изненаден и почестен од глетката на убавите македонски носии и се фотографираше со македонската делегација од која на подарок доби македонски книги, македонско вино и покана да ја посети Македонија.
Георги Гоце Дуртаноски
Фотографии: Совет за интеграции на град Дизелдорф, фотограф Инго Ламерт