недела, 8 септември 2024

Израелските служби: Во ракетен напад на Либан на Голанската висорамнина загинаа девет лица, 34 луѓе се ранети (ВИДЕО)

Израелските безбедносни служби јавија денес дека во ракетен напад од Либан на окупираната Голанска висорамнина, на северот на Израел, загинале девет лица, додека 34 се ранети.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Девет луѓе загинаа во нападот на Маџдал Шамс, кажа Ели Бин, фенералниот директор на Маген Давид Адом, израелскиот еквивалент на Црвениот крст.

Тој додаде дека 34 луѓе се ранети, од кои 17 во критична состојба, а дека 10 од нив се деца.

Либанската милитантна група Хезболах претходно денес соопшти дека возвратила на израелски воздушни напади на јужен Либан во кои загинале тројца нејзини припадници, со ракетни напади на Голанската висорамнина која е под контрола на Израел.

Хезболах кажа дека во тој напад се повредени повеќе од 10 лица, пренесува Асошиејтед прес.

Израел ја зазема Голанската висорамнина од Сирија за време на шестдневната војна во 1967, а ја анектираше во 1981 година.

Израел и Хезболах речиси секојдневно разменуваат оган откако почна војната во Газа по упадот на Хамас на југот на Израел на 7 октомври.

Од почетокот на октомври во израелски воздушни напади на Либан се убиени повеќе од 450 луѓе, главно припадници на Хезболах, но и околу 90 цивили. На израелска страна се убиени 21 војник и 13 цивили.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ