понеделник, 14 октомври 2024

Израелските власти: Вооружен напаѓач уби тројца цивили во близина на граничниот премин со Јордан

Вооружен маж денеска уби тројца израелски цивили во напад во близина на мостот Аленби, граничен премин со Јордан, пред безбедносните сили да го убијат, соопштија израелските власти, пренесува Ројтерс.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Терорист со камион се приближи до подрачјето на мостот Аленби од Јордан, излезе од камионот и отвори оган врз израелските безбедносни сили кои дејствуваат на мостот“, соопшти израелската војска.

Во соопштението се додава дека безбедносните сили го елиминирале терористот, и дека тројца израелски цивили биле прогласени за мртви како резултат на нападот.

Ројтерс пренесува дека овој граничен премин е познат и како мостот на кралот Хусеин и се наоѓа на половина пат меѓу Аман, главниот град на Јордан и Ерусалим, северно од Мртвото Море.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ