Во неа стои дека „овој ден е симбол на долгогодишна борба на Македонците за самостојност, слобода и достоинство“.
МАЕИ истакнува дека на овој историски датум пред 33 години, Македонците храбро и достоинствено го заокружија својот стремеж кон независна држава, исполнета со слобода, суверенитет и иднина заснована на европски вредности и демократски принципи.
„Овој ден ни дава поттик и обврска да продолжиме да ја чуваме и градиме Република Македонија како силна, стабилна и просперитетна држава, дел од големото европско семејство“, пишува во честитката и се посакува да ја славиме нашата заедничка историја и да го чествуваме нашето единство, идентитет и култура, каде и да се наоѓаме во светот.
„Како Македонци во Албанија, и ние го делиме гордото наследство на нашата мајка татковина, стоејќи цврсто зад принципите на мир, соработка и интеграција. Нека ни е честит и вековит Денот на независноста на Република Македонија“, се нагласува во честитката потпишана од Васил Стерјовски, претседател на МАЕИ.