Како што е познато, под диригентска палка на Владимир Димовски, камерниот оркестар на Битола годинава гостуваше во Рим, како дел од културната програма за одбележување на 24 мај, Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј, а утревечер по повод Денот на независноста, македонските музичари ќе настапат во Виена, еден од најзначајните музички центри во светот, информираа од таа национална установа со седиште во Битола.
Со македонски евергрини битолскиот Камерен оркестар ќе настапи во Виена
Националната установа Камерен oркестар на Битола, утревечер во Виена, во црквата „Св. Ана“, ќе го презентира проектот „Македонски евергрини и повеќе“. Во главниот австриски град, Камерниот оркестар на Битола ќе ги придружува солистите Ирена Крстеска, која е дел од Штац опера во Виена, џез-поп пејачката Агни Авшар и Ристо Самарџиев.
Објавено на
часот