Навивачите на Фиорентина изминативе години често негодуваат зошто нивните најдобри играчи прават трансфер во лутиот ривал Јувентус.
Во 2020 година, беше продаден Федерико Киеза, две години подоцна беше продаден Душан Влаховиќ, а ова лето беше продаден Нико Гонзалез.
Првиот човек на „виолетовите“, Роко Комисо се правда дека практично бил принуден да соработува со Јувентус на трансфер пазарот, но смета дека зделките кои ги направил биле и повеќе од добри.
„Што треба да правам кога Јувентус е единствениот тим кој ви нуди пари?“ – вели газдата на Фиорентина.
„Направивме одлична зделка со Влаховиќ, најважната во моите пет години тука. И погледнете што се случи со Киеза. Читам дека се преселил во Јувентус за 12 милиони евра, а јас го продадов за речиси 60 милиони евра“.
„Па кој направил добар бизнис, другите или Роко?“
Федерико Киеза не успеа да ги оправда парите кои Јувентус ги инвестираше во него, додека пак Влаховиќ има многу подеми и падови во формата во дресот на „бјанконерите“.