Изложбата на олдтајмери е во организација на Авто мото клуб РПМ и кавадаречката локална самоуправа.
Кирил Димитров Урошев, дел од организацијата на настанот вели дека за изложбата се пријавени педесетина возила од земјава и странство.
Најстарите пријавени возила се од периодот околу 1950 година, но едно возило како што може да се забележи, е и од постаро годиште.
Посетителите на изложбата имаат можност да ги погледнат изложените примероци, да се фотографираат со нив и да слушнат вистински приказни поврзани со овие миленици на четири тркала, како што знаат за нив да кажат нивните сопственици.
-„Се работи за стари возила, но со многу голема вредност за нас самите и во историјата на автомобилизмот. Тие се дел од нашите спомени, ги чуваме и негуваме, со многу љубов и внимание“, коментираа некои од нив.
Димитров Урошев подвлече дека целта на ваквите настани е промоција и зачувување на историјата на македонскиот автомобилизам.
Фотографии: ФБ на Тиквешки гроздобер