недела, 22 септември 2024

Израелската војска упадна во редакцијата на Ал џезира на Западниот брег со налог за затворање (ВИДЕО)

Катарската телевизија Ал џезира објави денес дека израелски војници упаднале во нејзината редакција во Рамала на Западниот брег со налог дека морав да се затвори во рок од 45 дена.

Принтскрин: Икс

Објавено на

часот

Сподели

Телевизијата во живо пренесуваше како војниците упаѓаат во канцеларијата и го предаваат налогот на еден вработен и преносот во тој момент се прекинува.

Синдикатот на палестинските новинари во соопштение ја осуди акцијата кажувајќи дека „самоволната одлука на војската е ново насилство над работата на новинарите и медиумите кои ги откриваат окупациските злосторства против Палестинците“.

Израелските власти во мај минатата година извршија рација во хотелска соба во Ерусалим која ја користеше Ал џезира со изговор дека претставува закана за националната безбедност.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ