петок, 29 ноември 2024

Ивановски: Со поддршка од публиката можам до трофејот

Објавено на

часот

Сподели

Калин денеска го загуби првиот сет од Турчинот Ерги Киркин, но ги доби следните два сета и дојде до победа од 2-1 (3-6, 6-2, 6-2).

„Почетокот на мечот не беше како што посакував, ја прифатив неговата пасивна игра и тоа му донесе водство на Киркин во првиот сет. Нешто мораше да се смени. Заедно со тренерот се договоривме да почнам да играм што е можно повеќе напаѓачки, офанзивно. Секако тоа донесе и резултат и така следните два сета ги доби со идентични 6:2 во гемови“, рече Ивановски по мечот.

Утре во финалето противник му е Французинот Саша Вајенбург кој е трет носител на турнирот. Ивановски е четврти.

„Има сличен начин на игра како и мојот напаѓачки. Одигравме еден меч оваа година во март во Франција на тврда подлога, Саша победи со 2-0, но во вториот сет испуштив водство од 5:1 во гемови. Мислам дека тука во Скопје можам до победа. Секако очекувам поддршка од трибините како што тоа беше денеска за стигнам до пехарот“, смета Калин.

Финалето се игра утре со почеток од 13 часот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ