Поради долгата пауза Ивановски на турнирот настапи како 928. тенисер на АТП листата, но Македонецот ќе има огромен напредок бидејќи неговиот противник е на 99. позиција.
Ивановски победи во два сета, но по голема борба, и во двата сета се играше тајбрејк. 7-6 (4), 7-6 (3).
Македонскиот тенисер има уште едно квалификационо коло за да влезе на главниот турнир. Ќе игра со победникот од дуелот меѓу Карол и Креси.