петок, 18 октомври 2024

Италија нѐ „удави“, јавноста не го виде тоа!

Објавено на

часот

Сподели

Ватерполистите го доживеаја најтешкиот пораз во пресметките со „аѕурите“, и тоа благодарение на третата четвртина, кога „аѕурите“ стигнаа до двоцифрена предност. Но интересниот дуел од првиот дел, кој беше неизвесен, македонската спортска јавност не го виде во вториот дел.

Македонската телевизија, која ги пренесува возбудувањата од базенот „Питер Ван ден Хогебанд“, најверојатно поради технички проблеми, им остана покуса на гледачите за второто полувреме.

Дури на две минути пред крајот на мечот, МТВ се вклучи повторно во дуелот, кога на семафорот стоеше 4-15 за Италијанците. Ако има нешто позитивно во целиот меч и проблемите со преносот, тоа е дека јавноста барем ги виде петте наши гола. Четирите до исклучувањето некаде во првата третина од третата четвртина беа дело на Мирослав Ранџиќ, Саша Мишиќ (1 четвртина), Милан Петровиќ (2 четвртина), Борис Летица (3 четвртина) и на Димитар Димовски (4 четвртина), кога МТВ повторно се вклучи во преносот.

Македонските ватерполисти уште на полувремето покажаа дека сѐ уште се незрели за да го победат светскиот првак, кој не одигра ништо посебно во првите 16 минути, во кои во рамноправна игра, само нашата неконцентрираност и нестрпливост им овозможија на „аѕурите“ водство. Македонија дури трипати не успеваше да израмни, а и да го искористи одличниот ден на голманот Далибор Перчиниќ во тие моменти.

На македонските ватерполисти им преостанува уште дуелот со Холандија во понеделник вечер од 19 часот, победа што е императив за да се остане во игра за пласман на квалификацискиот турнир за ЛОИ во Едмонтон во април годинава.

Фиљоли со четири гола, легендарниот Маурицио Фелуго и Џито со по три беа први стрелци на Италијанците на мечот.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ