понеделник, 16 септември 2024

Италија ја победи Франција среде Париз (ВИДЕО)

Италија имаше моќен старт во Лигата на нации иако почетокот од мечот против Франција не го ветуваше тоа, Азурите славеа со 3-1 на гостувањето кај една од најдобрите светски репрезентации.

Објавено на

часот

Сподели

Натпреварот почна шокантно за Италија, по една голема грешка на Ди Лоренцо, Франција поведе со гол на Баркола уште во 13. секунда од мечот. Тоа беше најбрз гол во историјата на Лигата на нации.

Италија брзо се опорави од воведниот шок и со фантастичен гол на Димарко во 30. минута изедначи на 1-1. Тоа беше резултатот по првото полувреме.

По шест минути игра во вториот дел Фратеси по асистенција од Ретуги даде гол за комплетен пресврт и водство на Италија од 2-1.

Конечните 3-1 ги постави Распадори со гол на 15 минути до крајот на натпреварот.

Со ист резултат Белгија на свој терен го совлада Израел. Де Брујне беше стрелец на два гола за Белгијците, Тилеманс погоди еднаш. Голот на Израел беше всушност автогол на Кастањ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ