вторник, 19 ноември 2024

Истражување на ИКС: Сексистички говор на омраза кон млади девојки

Објавено на

часот

Сподели

 

Ова го покажува анализата на родово-базирани содржини „Сексистички говор на омраза кон млади девојки“, што ја изработи Институтот за комуникациски студии. Во истражувањето беа анализирани повеќе од 1.500 коментари на новинарски извештаи на Фејсбук за два случаи – двете исчезнати малолетнички во Чаир и двете исчезнати девојчиња во Центар, во периодот од март до мај 2023. Овие случаи беа избрани заради содржината на коментарите што тие ги предизвикаа на социјалните медиуми.

Според анализата, сексистичкиот говор на омраза кон девојките се заснова на лични мислења и шпекулации што ја провоцираат фантазијата на публиката, а содржината на коментарите се фокусира на барање „виновник“ за настанатата ситуација, од каде што понатаму се развива дискусијата и негативните наративи.

Анализата покажува дека публиката на социјалните мрежи е склона кон коментари засновани на родови стереотипи со кои се навредуваат и сексуализираат млади девојки, коментари за користење физичко насилство кон девојките како дисциплинска мерка кои го одржуваат родово-базираното насилство и хомофобични коментари со насилен тон за сексуалната ориентација кои исто така можат да поттикнат и да резултираат со насилство во општеството.

Оттука, медиумите кои немаат политика за регулирање на ваквите негативни коментари под новинарските извештаи придонесуваат за ширење на вознемирувачките содржини, како и за дополнително креирање нови. А злонамерните содржини и родово-базираниот говор на омраза влијаат сериозно врз развојот и понатамошниот живот на младите девојки, како и на високиот степен на нетолерантност во општеството.

Сето ова укажува на значајната улога на медиумите. Новинарите мора да бидат внимателни во формулирањето на насловите, како и на целосниот извештај, кога станува збор за сензитивни случаи, бидејќи тоа може да влијае на површно донесување заклучоци од читателите. Медиумите треба да воспостават интерни политики и лица одговорни за регулирање на коментарите со негативни содржини за да се спречи нивно ширење.

Исто така, тие треба да пласираат повеќе содржини што промовираат родова еднаквост и да ја зголемуваат свеста за заштита од родово-базирано насилство, идентитетските разлики и потребата за инклузивност во општеството. Младите девојки, пак, треба да бидат информирани за негативните ефекти, како да го препознаат и како да се справуваат со сексистичкиот говор на омраза. Со оглед на тоа дека креаторите на злонамерните содржини не се санкционираат, потребно е да се зголемат и капацитетите на институциите за препознавање и постапување во ваквите случаи.

Медиумската анализа е изработена во рамките на проектот „Употреба на новинарство засновано на факти за подигање на свеста и спротивставување на дезинформациите во медиумскиот простор во Северна Македонија“, кој се реализира со поддршка на Британската амбасада во Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ