среда, 11 декември 2024

ДУИ се навредени од косовскиот премиер Курти, зашто смета дека албанскиот јазик не е загрозен во Македонија

Косовскиот премиер Албин Курти смета дека не се вистинити тврдењата на ДУИ дека албанскиот јазик е загрозен во Македонија. Курти тоа го изјави како одговор на новинарско прашање на прес-конференцијата по вчерашна заедничка седница на македонската и на косовската влада во Приштина.

 

 

Објавено на

часот

Сподели

„ Во Македонија нема закон за употреба на албанскиот јазик ниту, пак, имало во минатото. Постои Закон за употреба на јазиците што го говорат најмалку 20 отсто од граѓаните. А, тоа не е закон за албанскиот јазик, туку Закон за употреба на јазиците… Во Косово, иако Албанци се 93 отсто, а четири отсто е српско население, српскиот јазик е службен јазик. Но, во Македонија не може да се каже дека албанскиот јазик е службен официјален јазик и сега е под закана. Ова не е вистина“, одговори Курти на прашањето, во контекст на повикот на ДУИ пред одржувањето на заедничката владина седница, сите политички чинители во Косово и Албанија да го заштителе албанскиот јазик во Македонија, за кој сметаат дека е загроен по укинувањето на „балансерот“ и со тоа што три одредби од Законот за употреба на јазиците се пред Уставниот суд во Македонија, која треба да оцени дали се во согласност со македонскиот устав.

„Ова прашање е на Уставниот суд во С Македонија. Три одредби од Законот за употреба на јазиците се доставени до Венецијанската комисија. Тие три одредби парадоксално никогаш не се применети во минатото. Сега Уставниот суд тоа треба да го оцени“, смета косовскиот премиер Курти.

Во тој контекст Курти цени дека треба да се почека одлуката на Уставниот суд во Македонија, кој, според косовскиот премиер, „нема да направи ниту исклучување ниту дискриминација и го почитува повеќејазичниот карактер во земјата“.

На ваквите ставови на Курти реагираше Бујар Османи од ДУИ, поранешен министер за надворешни работи на Македонија, оценувајќи ги како „скандалозни“. Всушност, Османи ја осуди изјавата на косовскиот премиер Албин Курти за албанскиот јазик во Македонија, нарекувајќи ја „скандалозна“ и „штетна“.

Османи појасни дека Курти ја поткопува точката од Охридскиот договор која ја регулира употребата на албанскиот јазик во Македонија, која е постигната преку измена на Уставот во 2001 година. Според Османи, македонската страна сметала дека албанскиот јазик треба да биде официјален само во општините со над 20 отсто Албанци, додека албанскиот јазик на сите нивоа е изедначен со македонскиот.

Османи ја поврза изјавата на Курти со антиалбанската политика што, како што тврди, доминира во Македонија, и предупреди дека ова ја поткопува функционалноста на мултиетничката демократија во земјата.

Во врска со тврдењата на ДУИ за загрозеност на албанскиот јазик во Македонија, македонскиот премиер Мицкоски, во Приштина изјави дека тоа прашање се актуализира од „оние политичари што се темни сенки од минатото, што не можат да се слушнат да говорат за предлози и реформи во економијата, даночниот систем, образованието, туку единствената карта на која ја темелат децениската кариера е криминал и корупција и етнички конфликти“.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, пред неполн месец испрати писмо до премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во кое изразува загриженост за неодамнешните одлуки на Уставниот суд, од кои едната е укинувањето на т.н. „балансер“, а другата во најава дека ќе бидат укинати делови од Законот за употреба на јазиците.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ