среда, 11 декември 2024

Мицкоски објави „историски договор“ за зголемување на платите за здравствените работници од 40 до 50 одсто во текот на 4 години

По состанокот со Синдикатот за здравство, премиерот Христијан Мицкоски објави дека е постигнат „историски момент“, односно „историски договор“ за процентуално зголемување на платите на здравствените работници во Македонија, во наредните 4 години. Тоа зголемување би требало да изнесува меѓу 40 и 50 отсто.

Објавено на

часот

Сподели

„ Навистина постигнавме еден договор што има историска димензија, покрај овие коефициенти за коишто зборувавме сега. Тоа би значело зголемување за 10 проценти на паричната маса што се издвојува за плати. Веќе следната година, во март, ќе имаме дополнителни 5 проценти зголемување на паричната маса која се издвојува за плати за здравствените работници, потоа, следната 2026 година  од 5 до 7 проценти, во зависност од тоа во каква состојба и кондиција ќе биде буџетот. Да се надеваме дека ќе биде навистина во здрава кондиција, а работиме на тоа. Истото тоа зголемување од 5 до 7 процени на паричната маса ќе биде и во 2027 година, а од 7 до 10 проценти ќе биде во 2028 година. Или кога ќе го земете целиот овој период во низа, добиваме зголемување на паричната маса потреба за да се исплатат платите на здравствените работници за целиот период помеѓу 40 и 50 проценти. Навистина нешто што претставува историско и јас очекувам дека во текот на следните денови, повторно и од Министерството за здравство и од Фондот да излезат со нови позитивни пораки за здравствените работници и со тоа го заокружуваме тој циклус“, изјави премиерот Мицкоски на прес-конфренцијата по состанокот со Синдикатот за здравство.

Тој најави и дека наредното што следува се реформите во самиот здравствен систем, за граѓаните го добијат она кое што го заслужуваат.

„Уште еднаш за мене претставува големо задоволство, за овој договор, што би рекол дека претставува историски настан и да посакам уште многу вакви убави заеднички моменти во иднина“, кажа Мицкоски, заблагодарувајќи се на синдикалните организации и синдикатите, коишто конструктивно со свои идеи учествувале во  целиот процес, заедно со Министерството за финансии, Министерството за здравство, Фондот за здравствено осигурување, како и на Лазар Јовевски којшто е дел од премиерскиот кабинет, како советник за трудово право и заедно со останатите коишто беа вклучени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ