Здружението тргнува од фактот дека помеѓу 2021 и 2022 година со сајбер-напади беа таргетирани седум јавни институции, особено веб-страниците со официјален владин домен гов.мк.
„На 15 јули 2020 година за време на предвремените парламентарни избори со дистрибуирано одбивање на услуга (DDoS), беше нападната официјалната веб-страница на Државната изборна комисија;
На 8 февруари 2023 година информатичкиот систем на Фондот за здравствено осигурување беше хакиран со ransomware вирус,
Деновиве сме сведоци на сличен сајбер-напад над податоците во МЕПСО,
Со оглед на тоа што ни престојат претседателски и парламентарни изборни процеси, од Министерството за информатичко општество и администрација и од Државната изборна комисија, а на знаење до претседателот на државата и до јавното обвинителство, ги побаравме следните информации:
- Дали се преземени сите мерки за информатичка безбедност со кои би се заштитиле државните институции од евентуални нови напади, особено со создавање на резервни копии на податоците и нивно чување на повеќе различни локации и со редовна надградба и одржување на софтверските решенија на информатичките системи?
- Дали се преземени сите мерки за информатичка безбедност како би се обезбедил непречен изборен процес?“, со