вторник, 26 ноември 2024
Пред дербито меѓу неговите два поранешни клуба

Интер му подари дрес на Пандев, Македонецот доби овации од навивачите (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Пред натпреварот меѓу неговите два поранешни клубови, Интер и Лацио, Горан Пандев доби срдечен пречек зачинет со подарок.

„Враќањето во Милано ми разбуди многу емоции, стадионот е прекрасен и да се заигра на него е остварување на сонот. Среќен сум што се вратив тука и се надевам на добар меч за Интер. Што мислам за дербито во Лига на шампиони? Тоа ќе биде убав натпревар, ќе биде поразличен од тој во лигата и се надевам дека Интер со два добри настапи ќе обезбеди финале. Исто така, морам да кажам дека Симеоне Инѕаги е многу добар тренер“, кажа Пандев.

Поранешниот македонски фудбалер одигра 69 натпревари за „нераѕурите“ и освои вкупно шест титули. Тој беше дел од тимот на Мурињо кој ја освои историската тројна круна.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ