четврток, 21 ноември 2024

Инфлацијата ја уништува Турција

Годишната стапка на инфлацијата во Турција во јануари забрзала на 64,86 отсто од декемвриските 64,77, објави денес турскиот институт за статистика Туркстат.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Инфлацијата во Турција е највисока во последните 14 месеци.

Турската лира истовремено на берзите падна на нов историски минимум во однос на доларот, откако американската валута денес се продава за 30,55 лири.

На годишно ниво во јануари најмногу пораснале цените на услугите во хотелите, кафулињата и рестораните, за 92,27 отсто, како и во образованието за 79,81 отсто, во здравството 78,57 отсто, во транспортот за 77,54 отсто, се наведува на сајтот на Туркстат.

Алкохолните пијалаци и тутунот годишно поскапеле за 61,60 отсто, облеката и обувките за 40,62 отсто, а храната и безалкохолните пијалаци за 69,71 отсто.

На месечно ниво инфлацијата скокнала за 6,7 отсто во однос на декември.

Годишната стапка на базната инфлација во Турција во јануари изнесува 70,48 отсто.

Централната банка на Турција претходно во декември ја зголеми референтната каматна стапка на 42,5 отсто од 40 отсто, соопштувајќи дека постоечкото ниво на домашната побарувачка, стабилниот раст на цените во секторот на услугите и геополитичките ризици и понатаму вршат притисок на растот на инфлацијата во Турција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ