Ангеловски ја презема Горица по заминувањето од македонската репрезентација, но поради лошите резултати си замина од хрватскиот тим по што почна да бара нов предизвик.
Каспиј не објави детали од договорот со Ангеловски и засега не е познато до кога екс-селекторот на Македонија ќе остане на кормилото на тимот од Казахстан.
Новата екипа на Ангеловски по шест одиграни кола во домашниот шампионат има пет порази и само еден триумф, односно се наоѓа на последната позиција на табелата.