вторник, 19 ноември 2024

И општините Босилово и Василево се против рудниците Иловица – Штука

Објавено на

часот

Сподели

„Овој декларативен став треба да ѝ укаже на централната власт дека доколку случајно решат да се дрзнат да ги прекршат законските регулативи и пробаат да отворат рудник овде, ќе се соочат и со жителите, но и со општините на оваа територија“, напиша на својот фејсбук-профил советникот на Босилово од здружението Стига е Стојан Велков-Трн.

Во петокот и советниците на Општина Василево едногласно гласаа против отворање на рудниците за бакар и злато Иловица – Штука.

„Се бориме заедно со граѓаните, против одлуки кои го загрозуваат животот и здравјето на граѓаните“, стои во објавата на Општина Василево.

Претходно во Струмица се одржа голем протест против отворањето на овие рудници за злато и бакар на планината Огражден. Екологистите најавуваат дека нивната крајна цел е – Рудник нема да има!.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ