среда, 27 ноември 2024

Хезболах: Почнавме нов напад врз Израел

Хезболах, тешко вооружената исламистичка група поддржана од Иран, во раните утрински часови лансираше стотици ракети и беспилотни летала кон Израел како одмазда за атентатот на нејзиниот командант во Бејрут минатиот месец. Околу 100 израелски воени авиони гаѓаа цели во Либан непосредно пред нападот, бидејќи војската процени дека Хезболах се подготвува да изврши напад.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Хезболах штотуку објави дека извршил нов напад попладнево на локација во Манара, северен Израел. Милитантната група поддржана од Иран вели дека целела на „технички систем“ во регионот, кој се наоѓа спроти јужниот либански град Хула.

Соопштението дојде откако Хезболах претходно денеска соопшти дека првата фаза од одмаздата против Израел, која уследи по атентатот на главниот командант на Хезболах минатиот месец, е завршена.

Водачот на Хезболах, Хасан Насрала во своето обраќање до јавноста изјави дека сите беспилотни летала на милитантната група биле успешно лансирани и влегле во израелскиот воздушен простор, пренесува Ројтерс. Тој додава дека групата немала намера да користи прецизни ракети во денешниот напад, но може да ги употреби во блиска иднина.

Насрала додаде дека ниту една прецизна или стратешка ракета на Хезболах не била оштетена во израелските напади врз Либан.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека околу 100 воени авиони „уништиле илјадници ракетни фрлачи на Хезболах“ на повеќе од 40 локации.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ