Израелски авиони нападнаа цели во Либан непосредно пред нападот, бидејќи војската процени дека Хезболах се подготвува да изврши напад.
„Околу 100 израелски воени авиони погодија илјадници ракетни фрлачи на Хезболах во јужен Либан, кои беа насочени кон северен и централен Израел“, соопшти војската.
Повеќе од 40 локации за лансирање во Либан беа погодени за време на нападите во раните утрински часови, се наведува во израелското соопштение.
Едно лице загина во израелски воздушен напад врз автомобил во градот Киам во јужниот дел на Либан, соопштија локалните власти.
Хезболах соопшти дека лансирал повеќе од 320 ракети кон Израел, погодувајќи 11 воени цели.
Тој најави дека ја завршил „првата фаза“ од одговорот на атентатот на Фуад Шукр, висок командант во Бејрут, но дека за целосен одговор ќе биде потребно „некое време“.
Очекувањата за ескалација меѓу двете страни се зголемија откако минатиот месец во ракетниот напад врз Голанската висорамнина окупирана од Израел загинаа 12 млади Израелци, израелската армија одговори со убиство на Шукр во Бејрут.
Веднаш е закажан состанок на израелската Влада, соопшти кабинетот на премиерот Бенјамин Нетанјаху.
Израелскиот премиер изјави дека владата е решена да направи се за да ја одбрани земјата. „Кој и да не нападне, ние ќе го нападнеме“.
Министерот за надворешни работи, Израел Кац, рече дека Израел ќе одговори на случувањата на терен, но дека не бара сеопфатна војна.