вторник, 24 септември 2024

Хезболах ги повлекува своите борци од Сирија поради силните израелски напади

Во услови на жестоки израелски напади врз либанската милитантна група, Хезболах ги повлекува своите борци од делови на Сирија, објави Сириската опсерваторија за човекови права.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Хезболах и Иран се клучни сојузници на сирискиот претседател Башар ал Асад и се борат на негова страна од избивањето на војната во таа земја во 2011 година.

Сириската опсерваторија за човекови права соопшти дека други милитантни групи лојални на Иран се собираат во централниот сириски град Палмира и пустинските области за да ги заменат борците на Хезболах кои заминуваат.

Опсерваторијата соопшти дека Хезболах го евакуирал своето седиште во Палмира и се повлекол од околните области. Главниот штаб, наводно, бил предаден на припадници на авганистанската бригада Фатемијун. Други милитантни групи ги преземале складиштата за оружје во регионот.

Единиците на Хезболах во Сирија веќе неколку дена се повлекуваат кон сириско-либанскиот пограничен регион, соопшти опсерваторијата, додека израелските напади врз Либан ескалираат.

Според либанското Министерство за здравство, во израелските напади врз Либан во понеделникот загинале најмалку 492 лица, а 1.645 се ранети.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ