четврток, 21 ноември 2024

Граѓаните на Скопје, Белград, Атина, Тирана… не се задоволни од животот во нивниот град

Скопје е меѓу градовите со најниски оценки во однос на задоволството на жителите од животот во нивниот град. Во таа група се и Палермо (Италија), Атина (Грција), Истанбул (Турција), Тирана (Албанија), Неапол (Италија), Белград (Србија), Рим (Италија), Мишколц (Унгарија) и Подгорица (Црна Гора). Најзадоволни се жителите на Цирих, (Швајцарија), Копенхаген (Данска), Гронинген, (Холандија), Гдањск, (Полска), Лајпциг (Германија), Стокхолм (Шведска), Женева (Швајцарија), Росток (Германија), Клуж-Напока (Романија) и Брага (Португалија).

Објавено на

часот

Сподели

Швајцарија и Германија доминираат на топ десет листата во однос на задоволството на луѓето од животот во нивните градови, го пренесува  Шенген висаинфо (SchengenVisaInfo.com) Извештајот на ЕУ 2023 за квалитетот на животот во европските градови.

Во извештајот пишува дека задоволството низ градовите на ЕУ е намалено во споредба со 2019 година, но девет од десет луѓе главно се задоволни.

На прашањето за промените во квалитетот на животот во последните пет години, мнозинството од испитаниците во сите градови од примерокот, вклучително и оние во ЕУ, изјавија дека тој остана непроменет.

Поконкретно, 31 отсто од жителите изјавиле дека квалитетот на животот е подобрен, 40 отсто посочиле дека нема промена, а приближно 29 отсто забележале пад.

Меѓу другото, извештајот истакна дека помалите градови се перципираат како подобро место за живеење во многу аспекти, вклучувајќи ја безбедноста, достапноста на јавните простори, здравствената заштита, достапноста на становите и локалната јавна администрација. Покрај тоа, помалите градови се сметаат за подобри места за живеење за постарите луѓе, семејствата со мали деца и мигрантите.

Околу 89 отсто од луѓето кои живеат во град со помалку од 250.000 жители се задоволни од животот во тој град.

Извештајот вклучува 83 градови низ ЕУ, земјите од Европската асоцијација за слободна трговија (ЕФТА), Обединетото Кралство, Западен Балкан и Турција. Анализирани се податоци од 71.153 интервјуа, а во секој град беше интервјуиран примерок од најмалку 839 жители, помеѓу јануари и април 2023.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ