Проектот CleanAirDrom го реализира Општина Аеродром, а „Еуро-екопак“ се вклучува како поддржувач и во рамки на активностите, поставени се машини за собирање пластични шишиња во девет училишта и две градинки. Секое шише има своја вредност и како директна субвенција се доделува на училиштето односно градинката во даден временски период, а на основа на предодредена програма која општината ќе ја донесе за таа цел. Имајќи предвид дека во Општина Аеродром има 77.000 жители, над 2.500 деца во градинките и над 7.000 ученици во основните училишта, проценките дека на годишно ниво е дека можат да се овозможат и до 1,3 милиони денари за 11 училишта и градинки преку овој пилот проект. Колку повеќе се селектира, толку повеќе се донира за овие институции.
„Основана далечната 2011 година, „Еуро-екопак” е општествено одговорна компанија која својот развој го заснова на реализација на плански утврдените цели, имплементација на законските обврски и остварување на национални цели. Стратешката определба на компанијата е градење и развивање на системот на примарна селекција на отпад, но и фокус на подигање на јавната свест кои заедно претставуваат основа на циркуларната економија. Лојалноста кон компаниите членки на системот и определбата на перманентна комуникација и соработка преку запознавање со законските обврски кои компаниите се должни да ги реализираат е примарна компонента во планските активности на „Еуро-екопак“ и во наредниот период. Во таа насока ќе се стимулира развојот на процесите на примарна селекција на отпадот од пакување со вклучување и соработка со единиците на локалната самоуправа, јавните комунални претпријатија, вклучување на правните субјекти носители на лиценците за управување со отпадот, како и непосредната соработка со граѓаните како важни чинители во процесот на селекцијата“, вели Лука Луковски, директор на „Еуро-екопак“ кој веќе соработува со повеќе од 500 компании.
Проектот Clean AirDrom е финансиран од Европската Унија, ко–финансиран од Швајцарската агенција за поддршка и развој преку Министерството за локална самоуправа. „Еуро-екопак“ веќе планира и голем број на други активности за подигање на јавната свеста во насока на почиста животна средина.