вторник, 26 ноември 2024
Ролан Гарос

Ѓоковиќ не е прв фаворит на Ролан Гарос, но е поголем од Надал

Објавено на

часот

Сподели

Според букмејкерите, одличниот Карлос Алкараз има најголеми шанси да го освои престојниот грен-слем турнир, Ролан Гарос. Коефициентот за него е 2,5. 

Српскиот тениски ас има коефициент од 3,5, додека трет е Рафаел Надал, за негов триумф на турнирот коефициентот е 5,5.

Алкараз во моментов е втор на АТП-листата и сезонава има 27 победи со само два порази, додека на турнирите на земја има скор 17-1. Неодамна триумфира на турнирот во Барселона без загубен сет, а во ист стил продолжи во Мадрид каде што со само еден загубен сет се пласира во четвртфиналето. За тоа време, Новак не се прослави на турнирите во Монте Карло и во Бања Лука, додека Рафаел Надал нема одиграно ниту еден меч сезонава на земјена подлога.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ