сабота, 19 октомври 2024

Ѓоковиќ го загуби првиот сет на Австралија опен

Објавено на

часот

Сподели

Се испоти против австралискиот ветеран: Новак Ѓоковиќ

Во убедливо најтешкиот меч досега на АП, првиот носител Ѓоковиќ во четири сета го елиминира некогашниот прв рекет во светот, кој имаше огромна поддршка од трибините. Српскиот ас во дуелот со Хјуит го загуби првиот сет, откако во првите четири средби досега на АО загуби вкупно 10 гема. Негов следен ривал ќе биде Шпанецот Давид Ферер, кој е петти носител и кој исто како и Ѓоковиќ, игра одлично на турнирот во Мелбурн.

Кај дамите, последна што избори пласман во четврт-финалето беше руската тенисерка Марија Шарапова, која откако го загуби првиот сет, успеа да ги добие следните два во пресметката со Германската Сабине Лисицки. Нејзината следна ривалка ќе биде сонародничката Екатерина Макарова, која сензационално во два сета ја елиминира Серена Вилијамс.

Во три сета ја мина Лисицки: Марија Шарапова

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ