четврток, 28 ноември 2024

Германскиот канцелар Олаф Шолц во Србија

Српскиот претседател Александар Вучиќ утрово во Палатата Србија го пречека германскиот канцелар Олаф Шолц, кој синоќа допатува во посета на Белград.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Во тек е работниот појадок, потоа ќе следи средбата меѓу Вучиќ и Шолц.

Вучиќ на Инстаграм изјави дека „ни претстои важен работен ден, ден кој во голема мера ќе влијае на повеќе аспекти од иднината на нашата земја и кој ќе даде силен поттик за зајакнување на односите меѓу Србија и Германија“.

Тој додаде дека со Шолц ќе разговара и за други прашања од големо значење за Србија, убедени дека она што тие го прават денес поставува цврста основа за иднината не само на билатералните односи меѓу Србија и Германија, туку и на зајакнување на соработката и врските во регионот.

По средбата меѓу Вучиќ и Шолц, ќе се одржи пленарна сесија или Самит за критичните суровини во Србија, на кој ќе присуствуваат српскиот претседател Александар Вучиќ, германскиот канцелар Олаф Шолц и потпретседателот на Европската комисија и европски комесар за меѓуинституционални односи и стратешко предвидување Марош Шефчовиќ.

Србија и ЕУ ќе потпишат Меморандум за разбирање меѓу ЕУ и Србија за стратешко партнерство за одржливи суровини, синџири за производство на батерии и електрични возила.

Германскиот канцелар Шолц синоќа на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград беше пречекан од претседателот Вучиќ, кој изјави дека за време на денешните разговори очекува договори кои ќе претставуваат пресвртница за Србија на нејзиниот пат кон уште побрз економски раст.

По пречекот на Шолц на аеродромот во Белград, Вучиќ на Инстаграм напиша дека денеска е „голем ден, во кој ќе ја разгледаме иднината на Србија и отворањето нови можности за нашата земја и народ“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ