понеделник, 25 ноември 2024

Германија ќе испрати дополнително оружје за Украина

Објавено на

часот

Сподели

Германија, која во однос на безбедносната помош за Украина е втора земја по Соединетите Американски Држави, ќе испорача два фрлачи за системот за противвоздушна одбрана „патриот“, 40 оклопни возила од типот Мардер, 25 тенкови „леопард 1“ и 20.000 артилериски ракети.

На списокот се наоѓаат извидувачки и одбранбени дронови, тактичко извидување и дронови Луна за електронско војување, гранати и делови од теренска болница.

„Задоволен сум што денеска во Вилнус можеме да објавиме нов пакет безбедносна помош за поддршка на Украина во нејзината борба против руската агресија“, изјави германскиот министер за одбрана Борис Писториус за Франс прес.

Овој пакет помош „одговара на приоритетите на Украина, а тоа се противвоздушна одбрана, тенкови и артилерија“ во вредност од околу 700 милиони евра, додаде Писториус.

Тоа се во суштина видови на оружје што Берлин веќе ѝм ги доставува на украинските војници, ангажирани од почетокот на јуни во контраофанзивата против руските сили.

Последниот пакет германска испорака на оружје за Украина беше на 13-ти мај.

Непосредно пред посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Германија, Берлин објави дека испорачува оружје во вредност од 2,7 милијарди евра за Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ