вторник, 26 ноември 2024
Македонското крило ѝ стави крај на репрезентативната кариера

Георгиевски: Беше многу емотивно, среќен сум што завршив со победа

Објавено на

часот

Сподели

Македонија ја победи Турција со 30-27 во последниот меч од квалификациите за ЕП 2024, а Георгиевски ѝ стави крај на репрезентативната кариера.

„Беше тешко, ма малку потешко. Некако бев емотивно испразнет, а во мислите ми беше само со победа да завршиме. Некако чувствував голем притисок, но на крај сѐ позитивно испадна. Среќен сум што вака заврши и испадна, со победа да се простам“, рече Георгиевски.

„Беше тежок меч, а очекувавме вакво нешто, зашто Турција е добра селекција, ја гледавме со Португалија и одигра добро. Ја бркавме таа негатива од почетокот на вториот дел и мислам дека последните 10 минути одигравме подобро во одбрана, во напад исто така, Митев даде доста важни голови. Среќен сум што завршивме со победа и што триумфално го заверивме овој пласман на ЕП“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ