среда, 27 ноември 2024

Франција го заврши повлекувањето на војниците од Нигер

Француската армија денеска ги повлече своите последни војници од Нигер, неколку дена пред предвиденото и по една деценија операции против вооружените терористички групи во регионот Сахел.

Објавено на

часот

Сподели

Франција во исто време го завршува и затворањето на својата амбасада во главниот град на Нигер, Ниамеј.

„Денешниот датум го означува крајот на процесот на разграничување на француските сили во Сахел“, рече нигерискиот армиски поручник Салим Ибрахим на церемонијата во воздухопловната база Ниамеј, каде што беа стационирани француските војници.

Церемонијата беше заокружена со потпишување на заеднички документ на началникот на Генералштабот на армијата на Нигер, полковник Мамана Сани Киау и командантот на француските сили во Сахел, генерал Ерик Озан.

На потпишувањето присуствуваа началникот на Генералштабот на вооружените сили на Того и американското воено аташе, а воздухопловната база беше предадена на армијата на Нигер.

За време на повлекувањето не беа забележани поголеми инциденти, рече Ибрахим.

Односите меѓу Нигер и Франција, поранешниот колонијален владетел на оваа африканска земја, беа затегнати откако воените офицери го соборија претседателот Мохамед Базум и ја презедоа власта во земјата.

Тие го основаа Националниот совет за заштита на татковината на чело со генералот Абдурахман Тијани.

Новите власти ги осудија договорите со Париз со кои се овозможи распоредување на француски војници во Нигер за борба против екстремистичките групи.

Франција почна да ги повлекува своите војници од оваа африканска земја на 10 октомври, кога во Нигер имаше околу 1.400 француски војници.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ