Залихите, особено на тенкови и гранати, значително се намалени по девет месеци конфликт во Газа и, иако САД и Германија продолжуваат да доставуваат оружје за Израел, Тел Авив се соочи со ембарго за увоз на оружје од Велика Британија, Канада и Холандија, па се сврте кон поголема соработка со важен партнер Индија, а во последно време и Србија, пренесува Лес ехос во извештај од Тел Авив.
Индија, се додава во написот на францускиот весник, испорачува огромни количини оружје на Израел, вклучително и беспилотни летала произведени под израелска лиценца, а од Србија во осум наврати воени авиони носеле муниција од различен калибар, гранати и бомби способни да ги уништат тунелите на паравоената формација Хамас во Газа.
Според извештајот, „Во мај два брода донеле ракетни мотори, артилериски резервни делови и 27 тони експлозив во Израел “, изјавија српски извори.
Весникот наведува дека „пред војната во Газа, српскиот воен извоз практично не постоел“.