На средината од последната четвртина Лос Анџелес Клиперс имаше водство од 10 поени разлика, беше 91-81 за домаќините, но Феникс се извлече од ситуацијата и со кош на Дурант од тешка позиција на 20 секунди до крајот дојде до израмнување и мечот отиде во продолжение.
Трагичар беше Џејмс Харден кој во основниот дел промаши три шута во низа со кои можеше да донесе недостижна предност за Клиперс, а потоа, во последниот напад од продолжението, ја испушти топката и го оневозможи својот тим да упати шут за евентуално израмнување.
Дурант беше најдобар играч на Феникс со 25 постигнат поени, Бредли Бил додаде 24, а Букер имаше 15. Харден беше блиску до трипл дабл, постигна 29 поени, 12 скока и 8 асистенции, но сето тоа го уништи со неколку грешки во клучните моменти.
Резултати:
Детроит – Индијана 109-115
Атланта – Бруклин 120-116
Мајами – Орландо 97-116
Филаделфија – Милвоки 109-124
Торонто – Кливленд 106-136
Хјустон – Шарлот 105-110
Њу Орлеанс – Чикаго 123-111
Јута – Мемфис 124-126
Ла Клиперс – Феникс 113-116
Портланд – Голден стејт 104-139