„Во овој момент нема консензус за испраќање војници. Ништо не треба да се исклучи. Ќе направиме сѐ за да не победи Русија“, рече Макрон на прес-конференцијата, пренесе Ројтерс.
Тој додаде дека Франција ќе ѝ се приклучи на чешката иницијатива за купување муниција за Украина.
„Поразот на Русија е неопходен за европската безбедност“, рече Макрон.
Тој изјави дека европските земји ќе воведат дополнителни санкции за земјите преку кои Русија ги заобиколува рестриктивните мерки што ѝ се воведени.
На самитот присуствуваа околу 20 европски лидери, кои сакаа да испратат порака до рускиот претседател Владимир Путин за европската одлучност кога е во прашање поддршката на Украина, наведува Ројтерс.