„Последно од ВМРО, алудирајќи на правичната застапеност на Албанците, Мицкоски обвинува дека ‘лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети ја има државата на тацна и дека 100 луѓе од ДУИ одлучуваат за 2 милиони луѓе’. Со овие обвинувања, Мицкоски покажува дека Северна Македонија ја гледа само како држава на Македонците, а Албанците само како негови аргати“, наведуваат од ДУИ.
Во реакцијата се вели дека Европскиот фронт предводен од ДУИ му става до знаење на Мицкоски и на неговите деривати дека Македонија е заедничка држава на сите, без разлика на етничката припадност.
„Така ќе биде и по 24 април и по 8 мај, кога Европскиот фронт ќе постигне длабока победа над партнерите на Мицкоски и оние што се престроени со Москва и Русија. Албанците докажаа дека знаат да ја водат државата на најдобар начин, а тоа го докажуваат премиерот Талат Џафери и шефот на дипломатијата д-р Бујар Османи, воедно иден претседател на Северна Македонија“, наведе ДУИ во реакцијата.