четврток, 28 ноември 2024

ДУИ нема ништо против кога крадат со ВМРО-ДПМНЕ ама има против кога партијата ги осудува нивните корупциски скандали

Објавено на

часот

Сподели

„Во исто време, ми се допаѓа кога осудува корупциски скандали. Дај боже, што повеќе да имаме вакво ВМРО кое ќе ги осудува коруптивните афери кај Албанците во власта“, пишува Хајдари кој вели дека според ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ е добра само кога е во влада со ДУИ и заедно делат бизниси.

Точно три мандати, вели тој, ДУИ беше на власт со ВМРО-ДПМНЕ кога имаше монтажи на случаите Монструм, Алфа, тепање студенти Албанци, Радишани, палење дуќани и куќи на Албанци во Ѓорче Петров, Енциклопедија и учебници навредливи за Албанците.

Добра ли беше тогаш ВМРО-ДПМНЕ, прашува Ајдари.

И сега ВМРО-ДПМНЕ  е против САД и Европската Унија (ЕУ) и коридорот 8? Не?, пишува Хајдари кој вели дека ќе ја поддржува ВМРО-ДПМНЕ ако секогаш ја осудува корупцијата.

„Дај боже ВМРО-ДПМНЕ до крај да ги осудува сите коруптивни афери и криминал меѓу владините функционери, макар тоа да е само кај Албанците. Според апсурсната логика на ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ е добра кога крадат заедно, а не е добра кога ги осудува корупциксите скандали на ДУИ?“ вели Хајдари.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ