вторник, 26 ноември 2024

ДУИ: Aпстиненција на ВМРО за членство на Косово во Советот на Европа

ВМРО-ДПМНЕ, освен што планира изолација од Европската Унија, истото го сака и со соседните земји на Македонија. По замрзнатите односи со соседна Бугарија, ВМРО и Мицкоски сакаат да ја вратат државата во состојбата од пред 2008 година, се вели во соопштението на Демократската унија за интеграција.

Објавено на

часот

Сподели

„Конкретно, вчера пратеникот, воедно потпретседател на ВМРО, Александар Николовски, ниту неговиот заменик Владо Мисајловски, не отпатуваа во Стразбург на состанокот на Парламентарното собрание на Европскиот совет, каде што беше објавена препораката за Косово да се приклучи на Советот на Европа.

Изразуваме длабока загриженост за политиката на поделби и изолација на ВМРО и Мицкоски, притоа отворено прокламирајќи ја руската и српската политика во однос на Република Косово и Албанците воопшто.

Исто така, ја повикуваме албанската опозиција да ги поддржи политиките и ставовите на нашите меѓународни партнери и да не промовира проруски политики кои сакаат да ја дестабилизираат Северна Македонија и регионот во целина.

Во оваа прилика ги повикуваме граѓаните масовно да ја поддржат кандидатурата на д-р Бујар Османи за претседател на државата и Европскиот фронт како единствена изборна коалиција која го продолжува патот за брзо членство во Европската Унија и за блиска соработка меѓу земјите од Западен Балкан“, соопшти ДУИ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ