петок, 18 октомври 2024

Деспре заглави во кал, Кома нов лидер на Дакар

Објавено на

часот

Сподели

Осмата етапа од релито, која се возеше од Копиало до Антофагаста, беше малерозна за Деспре, кој заглави во длабока кал заедно со уште неколку натпреварувачи, по што загуби скапоцено време и му отвори простор на Кома да го симне од лидерското место. Кома тоа го искористи со победа на етапата и во генералниот пласман над осумте минути заостаток ги претвори во предност од минута и пол.

Нани Рома победи кај автомобилите, а Роби Гордон од САД за четири минути ја намали предноста на актуелниот лидер во генералниот пласман Стефан Петерхансел. Петерхансел, кој атакува на јубилејната 10. титула на Дакар, има 7,36 минути предност пред Гордон.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ