недела, 20 октомври 2024

Денеска завршни зборови за Ласкарци

Во Основниот Кривичен суд Скопје денеска треба да се одржат завршни зборови за случајот Ласкарци кој се однесува на автобуската несреќа што се случи во февруари 2019 година и во која загинаа 16 лица и околу 30 беа повредени. Завршни зборови денеска треба да даде јавниот обвинител, потоа и одбраната на обвинетите, по што судот ќе треба да закаже објава на пресуда.

Објавено на

часот

Сподели

Обвинети во случајот за несреќата кај Ласкарци, што се случи на 13 февруари 2019 година се Дурмиш Белули, сопственик на компанијата Дурмо турс, одговорниот за транспорт во фирмата, Ремзи Мифтари и возачот на автобусот, Маноил Трифуновски, кои се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Додека, тројцата вработени во станицата за технички преглед, Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски, се товарат за соучество во истото дело.

Судењето почна во 2019 година и трае четири години. Изминатава година расправите во Кривичниот суд се однесуваа на супервештачењето што судот го нарача во декември 2021 година, а кое беше одбиено од факултетите од државава, со објаснување дека нивните вешти лица веќе учествувале во претходното вештачење, или не се компетентни за истото. Потоа Бирото за судски вештачења формира тим лиценцирани вешти лица кои изготвија супервештачење кое во Кривичниот суд пристигна по една година, во декември 2022.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ