среда, 26 јуни 2024

Декларацијата за мировниот самит за Украина ја потпишаа 80 земји, но не и земјите од БРИКС

Завршната декларација на Мировниот самит во Украина, што се одржува во Швајцарија, ја потпишаа 80 земји, но не и земјите од БРИКС, ниту Мексико, Индонезија и Тајланд, јавуваат швајцарските медиуми.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба претходно во неделата изјави дека текстот на декларацијата од Мировниот самит за Украина е готов и дека се земени предвид сите принципиелни позиции на Киев.

Како што јави швајцарската РТС, конечната декларација ја потпишаа 85 земји и институции од околу стотина делегации кои учествуваа на состанокот во швајцарското одморалиште Биргеншток, во близина на Луцерн.

Потписниците на декларацијата, вклучително и Украина, сметаат дека за постигнување мир неопходнo e учество и „дијалог на сите страни“.

Ерменија, Бахреин, Бразил, Ватикан, Индија, Индонезија, Либија, Мексико, Саудиска Арабија, Словачка, Јужна Африка, Швајцарија, Тајланд и Обединетите Арапски Емирати не го потпишаа документот.

Украинската конференција се одржува викендов во одморалиштето Биргеншток во близина на Луцерн.

На неа учествуваат 92 земји, меѓу кои 55 шефови на држави, како и осум организации, меѓу кои ЕУ, Советот на Европа и ОН.

Американскиот претседател Џо Бајден, кинескиот претседател Си Џинпинг, бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва и лидерите на многу други земји не дојдоа во Швајцарија.

Некои од присутните на настанот, како што се американскaтa потпретседателка Камала Харис и германскиот канцелар Олаф Шолц, си заминаа порано.

Русија не беше поканета на самитот. Кремљ одговори дека барањето начин за решавање на украинскиот конфликт без учество на Москва е нелогично и залудно.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ