петок, 18 октомври 2024

Дакар ќе добие нов победник кај автомобилите

Објавено на

часот

Сподели

Ал Атијах се откажа поради технички проблеми на возилото

Шампионот Ал Атијах, кој ја бранеше титулата на најтешкото рели, беше принуден предвреме да го заврши својот настап поради технички проблеми со возилото. Катарецот направи три непредвидливи застанувања на 556 километри долгата етапа од Антафагаста до Икике, но проблемите со алтернаторот го принудија да се откаже со својот Хамер.

Ал Атијах, лани, победи со Фолксваген, но годинава уште од самиот старт имаше механички проблеми и сè до оваа, деветта етапа, успеа дури и двапати да победи. Американецот Роби Гордон, второпласираниот во генералниот пласман победи на етапата, но Стефан Петерхансел остана лидер.

Кај моторите, по една етапа пауза, Сирил Деспре, актуелниот бранител на тронот кај мотоциклите, се врати на првото место во генералниот пласман откако победи на етапата и го прескокна големиот ривал Марк Кома.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ