Натпреварот на „Рајко Митиќ“ не почна најдобро за Црвена звезда, Штутгарт поведе уште во петтата минута со гол на Демировиќ. Во тој момент многумина од фановите на црвено-белите помислија на ново разочарување, но работите брзо се променија.
Седум минути подоцна поранешниот играч на Штутгарт, Силас даде убав гол за израмнување на 1-1, а во 31. минута Круниќ погоди за комплетен пресврт и водство на Црвена звезда од 2-1.
Во 65. минута Иваниќ кратко откако влезе во игра даде гол за предност на Црвена звезда и од 3-1.
Штутгарт напаѓаше, а Црвена звезда играше фантастично од транзиција.
Во 67. минута Радоњиќ влезе во игра и даде два гола до крајот на мечот, погоди во 69. минута, па во 88. за конечни 5-1.
Жирона имаше повеќе од играта кај Штурм, но домаќините ги казнија сите промашувања на гостите и дојдоа до победа со гол на Бирет во 59. минута. Победа од 1-0.
Миовски беше стартер и во игра се задржа до 67. минута. Даде и еден убав гол, но беше во офсајд позиција, па погодокот не важеше.