На почетокот од третата четвртина Торонто дојде до предност и од 19 поени разлика, во тие моменти се чинеше дека лесно ќе дојдат до триумф, но тоа мислење не го делеше и Чикаго кој одигра маестрално во финишот, ја анулираше негативата и дојде до победа од 109-105.
Лавејн со 39 поени беше најдобриот играч на Чикаго, во составот на Торонто Сиакам реализираше 32 поени, имаше и девет скокови.
За Торонто ова е крај на сезоната, а Чикаго ќе игра против Мајами за пласман во плејофот.
Интересен натпревар одиграа и Њу Орлеанс и Оклахома кој го добија гостите со 123-118. Мечот беше неизвесен и полн со пресврти, двете екипи се менуваа со водството, на крајо победи Оклахома.
Во составот на Оклахома, Жилжус-Александер постигна 32 поени, еден помалку од него имаше Гидиј. Најефикасен за Њу Орлеанс беше Инграм со 30 поени.
Со овој меч за Њу Орлеанс заврши сезоната, Оклахома против Минесота ќе се бори за пласман во плејофот.