среда, 26 јуни 2024

Четиринаесет Јорданци починаа за време на аџилакот во Мека

За време на аџилакот во Мека починаа 14 јордански државјани, дел од нив како последица на топлотен удар, додека други 17 се сметаат за исчезнати, соопшти денеска јорданското Министерство за надворешни работи.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Најмалку шест смртни случаи се поврзани со топлина, соопшти Министерството во саботата, додавајќи дека температурите во Мека утре ќе достигнат 47 степени Целзиусови.

Не беше прецизирано дали поголемиот број на смртни случаи во неделата се последица на горештините. Аџилакот, кој ќе заврши во среда, е еден од најголемите масовни собири во светот, а годинава се очекува да учествуваат повеќе од 1,8 милиони аџии, објави главниот саудиски завод за статистика.

Стампедо, пожари во шатори, топлина и други фактори предизвикаа стотици смртни случаи за време на овој важен верски настан во изминатите 30 години.

Министерството за здравство на Саудиска Арабија издаде предупредување за високи температури во четвртокот и ги советуваше аџиите да пијат многу течности и да избегнуваат да бидат на отворено во најтоплиот дел од денот помеѓу 11 и 15 часот.

Јорданското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека ја координирало со саудиските власти постапката во случајот со смртта на аџиите и во случајот со транспортирање на телата на починатите во согласност со желбите на нивните семејства.

Според податоците на Ројтерс, во 2015 година, најмалку 2.070 луѓе загинаа во големо стампедо и гужва што избувна за време на аџилакот во близина на Мека.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ