понеделник, 25 ноември 2024

Честитки за Таравари, го направи ФЗО без Албанец директор, порача АА на Села

Честитки за Арбен Таравари, откако реши да ги намали Албанците преку балансерот, сега премина на акција. „Македонија повторно твоја“ – направи чистка на Албанци во Токсикологија, а во Фондот за здравствено осигурување наместо како изминатите години еден од директорите да е Албанец, сега двајцата се Македонци, реагира Алијанса за Албанците – крилото на Зијадин Села.

Фото: Некогашни сопартијци -Зијадин Села и Арбен Таравари

Објавено на

часот

Сподели

„Етничкото чистење на Албанците во институциите кое започна со намалувањето на процентот преку балансерот, продолжува со здравствениот сектор на чело со Арбен Таравари. Денеска за жал беше објавено дека директорот на Клиниката за токсикологија, поставен од самиот Таравари, отпуштил 18 Албанци. Во меѓувреме, голем број вработени во други клиники алармираат дека добиле предупредувања дека многу брзо може да ја имаат истата судбина.

Го повикуваме Таравари и коалицијата Вреди да престанат со оваа сервилност сега веќе со сериозни последици за Албанците. Јавно ги прашуваме дали е ова делувањето што толку помпезно ја најавија и промената што им ја ветуваа на Албанците во кампањата. Со оваа промена навистина ги спроведувате политиките на Мицкоски ‘Македонија повторно твоја’!“, се вели во реакцијата во врска со Клиниката за токсикологија.

Од партијата велат дека со формирањето на новата „нелегитимна влада“ Албанците секојдневно ги губат најважните дирекции во државата.

„По Агенцијата за разузнавање, каде што беше разрешен директорот Албанец и беа  именувани директор и заменик директор Македонци, денеска истото се случи и со Фондот за здравствено осигурување. Во оваа институција, која е во секторот на Арбен Таравари, денеска стапија на должност двајца нови директори, двајцата Македонци, а беа разрешени двајцата поранешни директори, од кои едниот е Албанец.

Со одлуките започнати од формирањето на Владата, но и со оние што се очекува да бидат донесени во наредниот период, по 25 години, Албанците се исклучени од клучните позиции во најважните институции во државата. Во меѓувреме, албанските партии кои ги загубија изборите и како такви станаа дел од Владата, во некои случаи молчат, а во некои случаи, како овој последниот, стануваат директни спроведувачи на одлуките против Албанците“, се вели во оваа реакција од Алијанса за Албанците предводена од Села.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ